Група од 50 затворски и пробациски службеници од Северна Македонија и Косово се запознаа со он-лајн курсот на ХЕЛП програмата на Советот на Европа (СоЕ) за Превенција од радикализација, што ќе им помогне да го зголемат своето знаење за справување со радикализацијата во затворите и отргнувањето од насилство.
Во Северна Македонија, он-лајн настанот за започнување на курсот го отвори г-от Борче Петревски, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, додека во Косово беше г-от Нехат Taчи, директор на Косовската затворска служба. Двајцата ја истакнаа важноста на курсот и неговите придобивки за учесниците, охрабрувајќи ги да земат активно учество со цел да го зголемат своето знаење и да ги применат во пракса новостекнатите вештини за спречување на радикализација и рехабилитација на насилни екстремисти престапници.
Локалните тутори, кои го прилагодија курсот со локалната и институционалната рамка во двете кориснички од Западен Балкан, ја презентираа структурата на курсот, практичните аспекти и следните чекори, со што учесниците се здобија со потребните информации за непречено следење на курсот.
Во наредните недели, курсот, прилагоден на специфичните локални потреби и околности, ќе биде претставен и во преостанатите кориснички од Западен Балкан, со што ќе се зголеми вкупниот број на затворски и пробациски службеници (на 150) во регионот кои ќе имаат придобивка од нивното учество во овој процес.
Настаните за започнување на курсот се одржаа на 03 февруари во Северна Македонија и на 05 февруари во Косово во рамките на Регионалната акција: „Зголемување на казнено-поправните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022”, спроведувана од Советот на Европа.
Проф. д-р Гордана Лажетиќ ко-основач и член на ИО на Македонско пенолошко друштво е локален тутор на курсевите за радикализација.
Извор: Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите во Западен Балкан.