Публикацијата на Македонско пенолошко друштво со наслов Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори е дел од завршниот Извештај на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во РСМ од Европскиот проект “Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на помалубројните заедници”.

Публикацијата е во авторство на д-р Елена Мујоска Трпевска и м-р Константин Битраков.

Проектот има за цел подобрување на ефикасноста, конкурентноста и одговорноста на најважните институции кои се одговорни за заштитата на правата на заедниците и промоција на еднаквите можности за сите граѓани, посебно за зајакнување на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) преку градење на капацитетите и техничка поддршка со другите државни институции и засегнати страни кои се вклучени во спроведувањето на политиките релевантни за малцинските заедници.

Сите информации се достапни на следниот линк.

Публикацијата на македонски, англиски и ромски јазик е достапна тука.