Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) го презентираше извештајот за 2018 година. Во извештајот се прикажани состојбите во местата за лишување од слобода – полициските станици, затворите, психијатриските болници.

Констатираните состојби од извршените превентивни посети од страна на тимот на Националниот превентивен механизам, како и упатените препораки се јасен показател за потребата од поголема посветеност и дополнителни напори на властите во исполнување на обврските преземени со ратификацијата на Конвенцијата против тортура и Факултативниот протокол кон неа.

Народниот правобранител ќе го достави годишниот извештај до меѓународните институции и организации, до Поткомитетот за превенција од тортура на Обединетите нации, до Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечно и понижувачко постапување или казнување, како и до Владата и Собранието.

Повеќе информации, достапни на следниот линк.