Најголемата судница во земјава направена во затворот „Идризово“. Имајќи ја предвид сериозноста на тешките кривични дела и безбедносните причини, оваа судница со капацитет од околу 120 лица, ќе овозможи судењата на притворените лица за овие случаи да се одвиваат во казнено поправниот дом „Идризово“. Целта за изградбата на овој комплекс со судница во затворот „Идризово“ е во неа да им се суди на притворени, како и на осудени лица за тешки кривични дела против кои се водат и други кривични постапки, а чиј транспорт до судовите е безбедносно ризичен. Оваа судница е изградена по теркот на судниците во државите со големо искуство во справувањето со организираниот криминал.
Прочитај повеќе на следниот линк