Македонското пенолошко друштво потпиша Меморандум за соработка со Хелп во рамките на програмата „Поддршка на социо-економската стабилност во Западен Балкан 2019-2020“ за спроведување на проектот Подобрување на програмите за третман во казнено-поправните установи и воспитно–поправните установи финансиран од Германската влада а имплементиран од Хелп.
Програмата е од регионален карактер, а соработката меѓу потписниците се заснова на активности во рамките на програмската компонента насочени кон подобрување на програмите за третман во установите за осудени лица и деца во Република Северна Македонија.
Целта е да се поддржат институциите да ги спроведат мерките за заштита на COVID-19 преку испорака на комуникациски уреди, таблети и интернет врски како алтернативен канал за комуникација, овозможувајќи им семејни посети во моментите кога посетите се забранети како што се вонредните состојби и слични ситуации, како и преку испорака на заштитни маски за институциите во рамките на структурата на Управата за извршување на санкции.
Главните активности го вклучуваат следното:
- Набавка и дистрибуција на респираторни маски за FFP2 и
- Набавка и дистрибуција на таблети за обезбедување алтернативен комуникациски канал со членовите на семејството.
Помошта ќе биде обезбедена за корисниците на следниве институции:
- Казнено поправен дом Идризово со Отворено одделение во Велес
- Казнено поправен дом Штип и
- Затвор Охрид / Воспитно – поправен дом Тетово.
Програмата ќе се спроведува во периодот од јуни до декември 2020 година.
Во продолжение, активности на Help во земјите од регионот: