На 31 август 2020, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн, заедно со г-ѓа Маша Бубањ од организацијата ,,Help – Hilfe zur Selbsthilfe’’ предаде донација финансирана од страна на Сојузната Влада, за имплементирање на мерки за заштита од Ковид-19 на Директорот на Управата за извршување на санкции во Министерството за правда, г. Јовица Стојановиќ.

Донацијата е предвидена за КПД Идризово, КПУ Затвор Охрид, ВПД Тетово и КПД Штип, а е дел од соработката меѓу организацијата ,,Help’’ и Управата за извршување на санкции како и Македонското пенолошко друштво во рамките на регионалниот проект Подобрување на програмите за третман во казнено-поправните и воспитно-поправната установа.

Донацијата се состои од 4.126 ФФП2 заштитни маски како и 30 комуникациски уреди и има вкупна вредност од 21.996 евра.

Веста за донацијата низ медиумите:

https://a1on.mk/macedonia/germanija-donira-maski-za-makedonskite-zatvorenici/

https://mia.mk/donaci-a-od-germani-a-za-upravata-za-izvrshuva-e-na-sankcii

https://maktel.mk/News.aspx?id=137209

https://plusinfo.mk/germanska-donaci-a-na-maski-za-upravata-za-izvrshuva-e-na-sank

https://kanal5.com.mk/donacija-za-upravata-za-izvrshuvanje-na-sankcii-za-spravuvanje-so-kovid-19/a436883