Во рамки на проектот „Кон безбедна, стимулирачка и рехабилитирачка околина за деца во судир со закон во воспитно-поправните домови во Албанија, Косово и Северна Македонија”, на 14 декември, 2022 година, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Што е неопходно да преземе државата за унапредување на системот на ресоцијализација и образование за децата во судир со закон”. Учествуваа претставници на Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, Управата за извршување на санкции, Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ, вработени во Воспитно поправниот дом и експерти.

Воведни обраќања имаа Лизијан Велт и Анет ван ден Бош од холндскиот Хелсиншки комитет и Ина Џугуманова од македонскиот Хелсиншки комитет. На тркалезната маса се дискутираше и за образованието, каде потфрла системот во обезбедување на формално образование за малолетниците во затворените институции. Друга тема за која се разговараше е пост-пеналната помош, имено како да се реши постоечкиот јаз во пост-пеналната помош и поддршката во процесот на вработување за децата во судир со закон.

На настанот активно учество имаа д-р Елена Мујоска Трпевска, претседател на МПД и м-р Наташа Ристовска, член на Извршниот одбор на МПД.

На крајот беа донесени заклучоци и конкретни предлози како да се подобри пристапот до образование и пост пенална помош за децата во судир со закон, за што е неопходна меѓусекторска соработка за што Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да се застапува пред надлежните институции.

Тркалезната маса беше организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје во соработка со Хелсиншкиот комитет од Холандија.

Претходно д-р Елена Мујоска Трпевска беше излагач на настан во Призрен, Косово на тема Kон безбедна, стимулирачка и рехабилитативна затворска средина за деца и малолетни лица во судир со законот. Повеќе информации на следниот линк.

Извор