На 3 и 4 ноември 2022 година во хотел „Радика” Маврово, е одржан вториот состанок на Меѓу-ресорската група формирана со Одлука на Владата на РСМ, бр.41-3652/1 од 25.05.2022 година задолжена за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025).

Петнаесет месеци по владиното усвојување, спроведувањето на Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-25) беше оценета од страна на надлежната работна група, сочинета од високи претставници на Управата за извршување на санкции, Министерството за здравство, Народниот правобранител, како и една организација од граѓанското општество. Доц. д-р Елена Мујоска Трпевска, претседателка на Македонското пенолошко друштво беше ангажирана како национален експерт за следење и оценка на спроведувањето на активностите на Стратегијата.  

Како што се очекуваше, материјалните услови во затворите, заедно со обезбедувањето здравствена заштита остануваат како најбитни приоритети. Сите забелешки дадени од претставниците на граѓанскиот сектор, како и Народниот правобранител, беа прифатени врз основа на нивните посети на затворите и објавените извештаи.

Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025) беше усвоена од Владата во јули 2022 година, врз основа на нацртот кој беше изготвен од сите чинители, со поддршка од Советот на Европа. Преку дванаесетте стратешки цели, Стратегијата предвидува конкретни дејствија за побезбеден и похуман третман на лицата кои се лишени од слобода.

Претходно, Советот на Европа ги поддржа институциите и во изготвување на првата пенитенцијарна стратегија во Северна Македонија (2014-2019).Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022”

Види информација на Совет на Европа тука.