На ден 22 декември 2020 година, д-р Елена Мујоска Трпевска, претседател и проф. д-р Гордана Лажетиќ, член на Извршниот одбор на Македонското пенолошко друштво учествуваа на Првиот стратешки форум за Условите во пенитенцијарните установи и заштита на осудените лица од тортура и нехуман третман. Проектот се спроведува од страна на Македонско здружение на млади правници и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ со поддршка на Европската унија во рамките на проектот: Еlimination of torture and ill-treatment in prisons and detention facilities.

На дискусијата говореше Маријан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции и Julian Vassallo, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во РСМ, а свое излагање за спроведените активности во тековната година имаа и проектните менаџери од носечките организации.
Претставниците на Македонското пенолошко друштво ја поздравија иницијативата за организирање стратешки форуми од ваков вид, ја нагласија важноста од заеднички размени на искуства и знаења и ја изразија својата подготвеност на пружење помош при спроведување на активностите.