Нацрт протокол за работа на меѓусекторскиот тим со деца жртви на злоупотреба, занемарување и насилств ги содржи процедурите и процесите кои треба да се следат при постапувањето во однос на детската заштита. Одговорностите и улогите во споделениот меѓусекторски пристап се јасни.

Исто така, јасно се наведени упатства од каде може да се побара совет и помош.

Процедурите се одраз на нашата заедничка посветеност за меѓусекторска соработка и заедничка одговорност во оваа особено важна областа на постапување. Во однос на децата и нивните семејства/ старатели, процедурите упатуваат што тие можат да
очекуваат од стручните работници кои се одговорни за детската заштита. Притоа се укажува на кој начин децата и нивните родители/негуватели може да бидат консултирани, како навремено ќе добиваат помош и поддршка, и како ќе се постапува со нив и какви информации ќе им се обезбедуваат кои се однесуваат на нив.

Покрај тоа, од стручните работници се очекува да работат на ефективен начин и заеднички и меѓусебно да ги споделуваат информациите кога тоа е неопходно за да се обезбеди заштитата и благосостојбата на децата. Во овие процедури се содржани неопходните активности кои треба да ги преземаат стручните работници во случаите кога е идентификувана загриженост дека дете или млада личност е изложен на ризик, злоупотреба или насилство.

МПД беше дел од настанот организиран од СППДМ во соработка со УНИЦЕФ во Северна Македонија и Terre des Homes.