ЈАВЕН ПОВИК
за 3 (три) експертски позиции за изработка на baseline(основна) и финална студија
Македонско пенолошко друштво Скопје за потребите од спроведување на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешно осудени лица” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата IPA/2022/433-960 согласно Договорот за грант потпишан меѓу МЗМП и ЕУ бр. (2022)4717714-28/06/2022, објавува јавен повик за три експертски позиции за изработка на baseline(основна) и финална студија.
Опис и цели на проектот
Општата цел на овој проект е намалување на рецидивизмот и ранливоста на осудените лица по нивно отпуштање на слобода преку зајакнување на политиките и праксата за нивна ресоцијализација, реинтеграција и пост-пенална грижа во согласност со најдобрите меѓународни и европски стандарди.
Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1)Да се подобри квалитетот и достапноста на услугите за пред и пост пенална заштита со цел ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, претходно осудени лица како и лицaта спрема кои се извршуваат пробациски работи; (2)Да се зајакне капацитетот и меѓуинституционалната соработка помеѓу казнено-поправните установи, судовите, пробациските службеници, центрите за социјална заштита и давателите на услуги за ресоцијализација, пробација, алтернативни мерки и пост-пенална заштита (3) Да се подобри правната рамка и политиките за ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, претходно осудени лица како и лицaта спрема кои се извршуваат пробациски работи врз основа на истражување и најдобри практики;
За таа цел, се објавува овој повик за избор на:
- 3 (три) експерти за изработка на baseline (основна) и финална студија
Проектот меѓу другото предвидува и изготвување на сеопфатна студија за состојбата во врска со ресоцијализацијата, рехабилитацијата и пост-пеналната помош и грижа која ја добиваат осудените, поранешно осудените лица како и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи (Baseline & Final Study).
Истражувањето треба да се однесува на севкупните реформи, планирани и во двете стратегии (за развој на пенитенцијарниот систем и за развој на пробациската служба) и потребно е да се изработени согласно методологија за изготвување на основна и финална студија, по завршување на проектот. Фокусот на истражувањето ќе бидат политиките и практиките за ресоцијализација, рехабилитација и пост-казна грижа за поранешно осудените лица, вклучувајќи го и функционирањето на системот за пробација.
Оваа активност ќе спроведе сеопфатен и интердисциплинарен преглед на законодавната и институционалната рамка, програмите и методологиите за ресоцијализација, човечките ресурси и други неопходни фактори. Неговата цел ќе биде да даде слика на казнено-поправниот систем во врска со ресоцијализацијата на осудените, поранешно осудените лица како и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи пред проектот и по неговото завршување. Неговата цел ќе биде да ги идентификува и опише клучните проблеми и предизвици кои влијаат на процесот на ресоцијализација.
- Опис и работни задачи
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:
- Подготовка на методологија за изработка на сеопфатна студија за состојбата во врска со ресоцијализацијата, рехабилитацијата и пост-пеналната помош и грижа која ја добиваат осудените, поранешно осудените лица како и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи (Baseline & Final Study).
- Методологијата е потребно да содржи сеопфатен пристап на прибирање на податоци(квантитативни и квалитативни). Методологијата ќе вклучува рамка на индикатори, релевантни и погодни за мерење на реформите во областа на пост-пеналната заштита и ќе понуди инструмент за собирање податоци што ќе овозможи да се следи и процени влијанието на реформскиот процес. Истата ќе содржи рамка на индикатори за оцена на пристапноста на сегашниот модел на ресоцијализација за жените осуденички.
- Студијата ќе вклучува анализа на: законодавна рамка (законски и подзаконски акти); институционална рамка (улога и надлежности на секоја институција); казнена статистика за ресоцијализација; стапка на рецидивизам (пресметка, дегрегација по пол, видови криминал, времетраење на казната итн.); организација на казнено-поправниот систем (видови на институции, кадровско екипирање); видови програми за третман на затвореници; можности за работа на затворениците во рамките и надвор од казнено-поправните установи; образование и стручни обуки во затвор; достапност на значајни активности за затворениците во слободното време; проценка на потребите и ресурсите за пост-пенална помош и заштита; достапност на услуги по објавување.
- Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на (Baseline & Final Study)
- Потребни квалификации
- Завршено високо образование во областа на правото со завршени докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривичното право;
- Учество во работни групи и значаен придонес во реформите за развој на пенетенцијарниот систем, системот за пробација како и во политиките за унапредување на ресоцијализацијата, реинтеграцијата и пост-пенална помош и заштита на осудените лица;
- Искуство во изработка и подготовка на анализи/студии во релевантната област;
- Напредно познавање на англискиот јазик;
- Напредни истражувачки и аналитички способности.
- Временска рамка
Секој од експертите/ките кој ќе биде ангажиран ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од декември 2022 (за основната студија и методологијата) и мај/јуни/јули 2025 година (за финалната студија). Наодите од основната студија ќе бидат презентирани на промотивниот настан(kick-off event) на проектот, додека финалната студија ќе биде промовирана на завршната конференција на проектот.
За секој работен ден предвиден е надомест од 150 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност.
- Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@msp.org.mk со назнака за која позиција аплицира.
Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел 3 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а.
Рокот за аплицирање е до 6.12.2022 година, 16:30 часот.
Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управувачкиот одбор на проектот.
Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.