За Македонското
пенолошко друштво
Македонското пенолошко друштво претставува стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација која се бави со пенологијата односно со унапредување и развивање на пенолошката мисла во Република Македонија. Формирано е од страна на повеќе еминентни претставници на правната наука и практика со различно поле на интерес.
Во општествени услови кога пенитенцијарниот систем се чини незаслужно запоставена тема, Македонското пенолошко друштво го рефлектира стремежот за прогрес како од аспект на постапувањето со осудените, нивното превоспитување и ресоцијализирање, така и во поглед на соодветната правна рамка воопшто. Користејќи ја сопствената шареноликост, во смисла на искуството и експертизата на членовите, Друштвото организира низа едукативни, истражувачки и слични настани односно активности преку кои ја манифестира својата социјално-одговорна улога и суштествена положба во невладиниот сектор.
Нашата визија е „Праведно општество, почитување на правата, интегритет и достоинство за секого“