Civica Mobilitas

Превенција на детско претстапништво

Проектот „Превенција на детско претстапништво“ произлезе од потребата за суштинска анализа на ситуацијата во Република Северна Македонија во однос на општинските совети за превенција на малолетничко престапништво нивното функционирање, ефикасност и ефективност. Иако се формирани во 18 општини, дел од нив се целосно нефункционални а останатите не работат со полн капацитет. На тоа се надоврзува и потребата да се добијат пореални податоци и слика за она што се случува во рамките на детското престапништво.

Изработката на програми за превенција на детското престапништво е формална обврска на надлежните органи но податоците од локално ниво, што ќе бидат предмет на анализа во овој проект, ќе овозможат таргетирање на најзастапените ризик фактори во конкретната локална самоуправа.

За потребата од ваква акција говорат и податоците добиени од достапните извори и тоа:

  • Истражувањето на МПД за состојбата со установите за сместување на деца во ризик и деца во судир со законот (достапна на:msp.org.mk)
  • Националната Стратегија за деинституционализација,
  • Годишните извештаи на Државниот совет за превенција на детско престапништво,
  • Годишните извештаи на Државниот завод за статистика на РСМ, итн.

Општата цел на овој проект е намалување на детското престапништво во државата. Специфичната цел е мапирање на локалните ризици во четири плански региони: Скопски, Југозападен, Полошки и Вардарски и подобрување на постоечката институционална клима. Оттаму, логиката на интервенцијата, поточно поврзаноста помеѓу општата и специфичната цел е следната: превенција на детското престапништво е можна доколку подобро е разбран коренот на феноменот и доколку институциите изградат и спроведат подобри политики. За подобро да се разбере изворот на детското престапништво потребна е научна анализа – да се дознае што се основните причинители односно ризици на детското престапништво земајќи ги предвид локалните фактори. Откако подобро ќе се разбере изворниот проблем на детското престапништво може да се влијае врз креирање на соодветни политики но и ажурирање на посточеките кои очигледно, не ги даваат потребните резултати. На крајот, не е доволно само да се изградат политики засновани на научни сознанија (evidence-based policies) туку и институциите адекватно да функционираат, со цел правилно и соодветно спроведување на предложените политики.

Целните групи на оваа акција се поделини на директни и индиректни. Директна целна група ќе бидат лицата кои работат во Општинските совети за превенција на детско престапништво од причина што резултатите од акцијата ќе имаат практичен учинок во нивното работење. Индиректни целни групи се децата бидејќи со нашето истражување ќе се подобри превенцијата на детското престапништво; останатите здруженија на граѓани како и државните институции и пошироката јавност кои ќе можат да извлечат информации од нашата работа кои понатаму можат да послужат при креирање на иницијативи во нивното работење кои ќе бидат поврзани со оваа или слична тематика.

Проектот „Превенција на детско претстапништво“ ќе се спроведува во наредните 18 месеци, јуни 2020 – ноември 2021, во рамки на кој се предвидени 5 пакети на активности.

Во првиот пакет на активности ќе се работи на утврдување на методологија за истражување, изработка на прашалници; спроведување полу-структурирани интервјуа со директори на Центри за социјални работи, со директори на средни училишта (гимназии и средни стручни училишта) и сектори за внатрешни работи и ќе се стреми кон потпишување на меморандуми за соработка со 4 Директори на ЦСР.

Во вториот пакет ќе се прибирааат, селектираат и обработуваат добиените податоци, ќе се подготвува и дистрибуира публикацијата, како и ќе се изработат инфографици.

Третиот пакет ќе се фокусира на остварување на соработка со Советите за превенција на детско престапништво и изработка на модел-деловник за работа на Советите за превенција на детско престапништво.

Во четвртиот пакет активностите се насочени кон анализа на програми за превенција на детско престапништво, релевантни документи на меѓународен план, подготовка на нацрт на пилот-програма за превенција на детско престапништво и нејзина презентација како и испраќање на истата до релевантните јавни органи / институции.

Во последниот, петти пакет, активностите кои ќе произлезат од имплементирање на овој проект се сумирање на податоци од публикацијата и изработка на интерактивната мапа која ќе е достапна за пошироката јавност преку веб.

Планираниот и одобрен буџет на овој акциски грант изнесува 1.798.005 денари, со кофинансирање од 20.000 денари, односно во вкупен износ од 1.818.005 денари.

Очекуваните резултати кои ќе произлезат од спроведувањето на овој проект се (1) таргетирани ризици за детско престапништво во четирите плански региони, Скопски, Југозападен, Полошки и Вардарски, (2) изработена публикација со сумарна анализа од спроведеното истражување и (3) функционалност на Советите за превенција на детско престапништво.

Понатаму, ќе бидат изработени (4) пилот-програма за превенција на детско престапништво за 2021-2022, како и (5) интерактивна мапа за прикажување на факторите за детско престапништво, достапни на веб.

Македонско пенолошко друштво заедно со партнерите Здружение за кривично право и криминологија на Македонија, Здружението Мој Правен Советник и Совет за превентива против малолетничка деликвенција се корисници на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Во врска со тоа, креиран е и веб сајт (www.pim.mk) кој на граѓаните ќе им помогне полесно и поефикасно да се справат со прописите во законодавството, од страна на стручни лица кои ќе го пренесат своето богато знаење и искуство. Поточно, сајтот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги. Се надеваме дека сајтот ќе служи како корисен и квалитен прирачник кој ќе биде достапен во секое време и од кој ќе се црпат потребните информации при донесувањето на важните одлуки од локално значење.

WWW.PIM.MK

Извештај за спроведени активности во месец јуни

Извештај за спроведени активнсоти во месец јули

Извештај за спроведени активности во месец септември

Извештај за спроведени активности во месец октомври

Извештај за спроведени активности во месец ноември

Извештај за спроведени активности во месец декември

Флаер ПИМ

Флаер ПРЕВЕНЦИЈА