Хелсиншкиот комитет за човекови права на 31.10.2023 организираше настан за презентација на документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025)“- период на следење 2021 и 2022 година, подготвен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во партнерство со Здружение на млади правници, Македонско пенолошко друштво и Здружение ИЗБОР во рамки на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската Унија.
Стратегијата претставува еден сеопфатен стратешки документ кој дава патоказ за реформите што треба да се направат во рамките на пенитенцијарниот систем. Во таа насока, целта на анализа беше да процени дали, во колкава мера и на кој начин се одвива имплементацијата на предвидение активности, каков е нивниот квалитет и динамиката на меѓуинституционалната соработка во полето на пробацијата.
- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК МОНИТОРИНГ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ПРОБАЦИСКА СЛУЖБА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2021-2025)
- АНГЛИСКИ ЈАЗИК MONITORING OF THE IMPLEMENTATION OF THE STRATEGY FOR THE DEVELOPMENT OF THE PROBATION SERVICE IN THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
- АЛБАНСКИ ЈАЗИК MONITORIMI I ZBATIMIT TË STRATEGJISË PËR ZHVILLIMIN E SHËRBIMIT TË PROBACIONIT NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË SË VERIUT