Проектот „Превенција на детско претстапништво“ произлезе од потребата за суштинска анализа на ситуацијата во Република Северна Македонија во однос на општинските совети за превенција на малолетничко престапништво нивното функционирање, ефикасност и ефективност. Иако се формирани во 18 општини, дел од нив се целосно нефункционални а останатите не работат со полн капацитет. На тоа се надоврзува и потребата да се добијат пореални податоци и слика за она што се случува во рамките на детското престапништво.