Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и  Македонското пенолошко друштво, на 26 септември 2025 година со почеток во 10 часот во МАНУ, организираат јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

Чест и задоволство нѝ е да Ве поканиме на јавната расправа. 

Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите е објавен на ЕНЕР на 27.6.2025 година. Текстот на Предлог Законот е достапен на следнава страница:

(https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=107 906).  

Станува збор за особено значаен Закон со оглед на фактот што со Законот за извршување на санкциите се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични делa и прекршоци. Со предложените решенија ќе се обезбедат услови за поголема ефикасност и економичност во работењето, од една страна, а од друга страна се овозможува надминување на сите сериозни предизвици со кои се соочуваат сите засегнати субјекти.

Од јавната расправа ќе произлезат заклучоци во насока на унапредување на текстот на Предлог Законот.

Оттука, од големо значење ќе биде вашата експертиза во насока на давање предлози за измена и дополнување на Предлог Законот.