Во атмосфера на отворен дијалог и професионална размена, денес се одржа тркалезна маса посветена на една од клучните теми во пенолошкиот систем – „Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација“.



Настанот беше организиран во партнерство помеѓу Управа за извршување на санкции/Uprava za izvrsuvanje na sankcii, Академијата за судии и јавни обвинители, Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво / Macedonian Society of Penology.
Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов ја отвори тркалезната маса, а воведни излагања на имаа проектниот координатор Ирена Здравкова, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски и доц.д-р Елена Мујоска Трпевска.

Меѓу учесниците беа судии од апелациони подрачја, универзитетски професори, пробациски службеници и претставници на Советот на Европа.
Разговорот отвори суштински прашања за унапредување на пробациската служба, примената на електронски надзор и обезбедување одржливи решенија што ќе го намалат притисокот врз затворите, а воедно ќе понудат ефикасна поддршка во процесот на ресоцијализација.


Истакнато беше дека системот за електронски надзор е надграден и подготвен за поширока примена – особено при куќен затвор и условен отпуст – со што се отвора простор за модернизација на казнената политика и заштита на човековите права.