ЦСР Охрид остварува соработка со институциите како што се МВР, училишта, медиски центар, основен суд, за прибирање на податоци, прекуразговор и консултации.

ЦСР Охрид изготвува квартални извештаи за состојбата на деца во ризик и ги доставува до Заводот за социјални дејности – Скопје.

Од добиените податоци од ЦСР Охрид, изработен е инфографикот кој го гледате, а врз основа на кој може да се заклучи дека:

Бројот на деца во ризик за периодот од 2018 година до 2020 година бележи опаѓање, што е прикажано во табелата, односно бројот на деца во ризик во 2018 бил 46, во 2019 година е 28, додека во 2020 година изнесува 20.

Во однос на половата застапеност најголем број на деца во ризик се од машки пол, односно за 2018 година 86,9% машки лица, во 2019 година 57% машки лица, додека за 2020 година имаме 80% машки лица.

Во однос на етничката припадност доминантни се македонците, а од другите етнички групи застапни се: турци, еѓипјани, роми и албанци.