Народниот правобранител изразува сериозна загриженост за условите во затворите

Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) го презентираше извештајот за 2018 година. Во извештајот се прикажани состојбите во местата за лишување од слобода – полициските станици, затворите, психијатриските болници. Констатираните состојби од извршените превентивни посети од страна на тимот на Националниот превентивен механизам, како и упатените препораки се јасен показател за потребата од поголема …

Заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства, МПД и ОБСЕ

Во рамките на проектот “Заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства” експертски тим од МПД во состав: проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Никола Тупанчески, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, д-р Елена Мујоска Трпевска и м-р Константин Битраков, активно учествуваа во остварување на предвидените проектни активности …

Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори, МПД и АОПЗ

Агенцијата за остварување на правата на заедниците ги поддржа активностите на граѓанските организации чии активности се во насока на промоција и остварување на правата на заедниците под 20%. МПД преку проектот “Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори” ќе учествува во остварувањето на правата на заедниците кои се под 20% од населението во …

Македонско пенолошко друштво донира книги за библиотеката на КПД Штип

На 19 февруари 2019 година, Македонското пенолошко друштво донираше книги за новата библиотека на Казнено-поправниот дом Штип. Оваа донација е дел од напорите за подобрување на условите за ресоцијализација на осудените лица, обезбедувајќи им пристап до литература од различни жанрови – стручни, научни и белетристика. Со оваа акција, библиотеката на КПД Штип е значително збогатена …

Донација од МПД за Затвор Охрид

Македонското пенолошко друштво по завршување на активностите на проектот Анализа на состојбата во установите за сместување деца во ризик и деца во судир со законот во Република Македонија, со скромна донација ја поддржа работата на малолетничкиот Затвор Охрид каде што се сместени и децата од воспитно поправниот дом.

Се основаше Македонското пенолошко друштво

Во Македонската академија на науките и уметностите се основаше Македонското пенолошко друштво. Основачката седница на друштвото се одржа во МАНУ, во присуство на повеќе еминентни професори на Правниот факултет и стручњаци од областа на казненото право и извршувањето на санкциите. На седницата беа донесени и усвоени основачкиот акт и повеќе други одлуки при што за …