Превенција на детско престапништво

Проектот „Превенција на детско престапништво“ произлезе од потребата за суштинска анализа на ситуацијата во Република Северна Македонија во однос на општинските совети за превенција на малолетничко престапништво нивното функционирање, ефикасност и ефективност. Иако се формирани во 18 општини, дел од нив се целосно нефункционални а останатите не работат со полн капацитет. На тоа се надоврзува …

Македонско пенолошко друштво стана дел од Правничката Истражувачка Мрежа – ПИМ

На 4 февруари 2020 беше потпишан меморандум за соработка меѓу четири здруженија за формирање на Правничка истражувачка мрежа (ПИМ). ПИМ претставува стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација која е активна како во полето на правните истражувања така и во унапредување на правната теорија и практика. Со знаењето и иновативните капацитети кои ги поседува мрежата, се промовира …

Правилник за дисциплински мерки против осудени лица

Состанокот на работната група (РГ) за изработка на Правилник за начинот на постапување на дисциплинската комисија задолжена за изрекување дисциплински мерки против осудените лица се одржа од 23 до 24 септември 2019 година во Скопје. Сесијата на РГ резултираше со првиот нацрт на Правилникот во согласност со стандардите на КПТ, Европските затворски правила, правилата на …

Јавна расправа за состојбата со човековите права во казнено-поправните установи

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на 22 јули 2019 година, одржи јавна расправа на тема „Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“. На јавната расправа присуствуваа членови од МПД. Јавната расправа се одржа непосредно по констатацијата на НП и НПМ дека условите за сместување на …

Народниот правобранител изразува сериозна загриженост за условите во затворите

Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) го презентираше извештајот за 2018 година. Во извештајот се прикажани состојбите во местата за лишување од слобода – полициските станици, затворите, психијатриските болници. Констатираните состојби од извршените превентивни посети од страна на тимот на Националниот превентивен механизам, како и упатените препораки се јасен показател за потребата од поголема …

Заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства, МПД и ОБСЕ

Во рамките на проектот “Заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства” експертски тим од МПД во состав: проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Никола Тупанчески, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, д-р Елена Мујоска Трпевска и м-р Константин Битраков, активно учествуваа во остварување на предвидените проектни активности …

Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори, МПД и АОПЗ

Агенцијата за остварување на правата на заедниците ги поддржа активностите на граѓанските организации чии активности се во насока на промоција и остварување на правата на заедниците под 20%. МПД преку проектот “Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори” ќе учествува во остварувањето на правата на заедниците кои се под 20% од населението во …

Македонско пенолошко друштво донира книги за библиотеката на КПД Штип

На 19 февруари 2019 година, Македонското пенолошко друштво донираше книги за новата библиотека на Казнено-поправниот дом Штип. Оваа донација е дел од напорите за подобрување на условите за ресоцијализација на осудените лица, обезбедувајќи им пристап до литература од различни жанрови – стручни, научни и белетристика. Со оваа акција, библиотеката на КПД Штип е значително збогатена …

Донација од МПД за Затвор Охрид

Македонското пенолошко друштво по завршување на активностите на проектот Анализа на состојбата во установите за сместување деца во ризик и деца во судир со законот во Република Македонија, со скромна донација ја поддржа работата на малолетничкиот Затвор Охрид каде што се сместени и децата од воспитно поправниот дом.