Промоција на проектот „Градење на услуги засновани на заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешно осудени лица”
Рехабилитацијата на осудените лица и нивната успешна социјална реинтеграција во општеството треба да бидат меѓу основните цели на кривично правниот систем. Правно обврзувачките меѓународни конвенции за човекови права, како и стандардите и нормите на Обединетите нации за спречување на криминалот и кривичната правда, јасно ја признаваат оваа точка и ја нагласуваат важноста на активностите кои …