Во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици ” поддржан од Европска Унија, ќе се одржи настан на тема – Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.
Настанот ќе се одржи на ден 04.10.2024 година во х.Мериот-Скопје со почеток од 10:00 часот. Настанот е во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво. Партнери на проектот се и Хелсиншкиот комитет за човекови права и ИЗБОР Струмица.
Целта на настанот е да се дискутира за моменталната состојба на институтот на условниот отпуст, како и споделување на предизвиците, проблемите и предлог решенијата на темата од страна на чинителите од различните институции кои се дел од процесот. Исто така, промовирање на почеста употреба на овој институт и поголема соработка меѓу засегнатите институции.
На настанот ќе биде присутен Директорот на управата за извршување санкции, Директори на казнено-поправни установи, судии, професори, како и претставници на Сектори за ресоцијализација при КПУ и Пробациски канцеларии.
Вашето присуство и придонес на овој настан ќе биде од особено значење за детектирање на состојбите, предизвиците и наоѓање на решенија, како и за промовирање на нашите заложби.