Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа издавањето на прирачник во кој се анализира Законот за извршување на санкциите.
Извршувањето на санкциите е последното парче што го затвора целиот процес на пресудување во кривичната постапка. Недостигот на соодветно спроведување на санкциите преку јасна, разбирлива и правична постапка, нецелосната законска рамка, како и неконзистентната практика на судовите во четирите апелациони подрачја во Северна Македонија, придонесува за негативната перцепција на јавноста, особено во случаите од „висок профил“. Мисијата, во соработка со Здружението на судии и Основниот кривичен суд Скопје, изработи Анализа на практичните проблеми на постапката за извршување на санкциите, адресирање на законодавните празнини и обезбедување конкретни законски решенија. Анализата вклучува различни судски практики од апелационите подрачја и препорачува практични пристапи за надминување на одредени предизвици.
Автори на Анализата се доц. д-р Елена Мујоска Трпевска, судија м-р Даниела Димова, судија Пајазит Пајазити и судија Александар Милошевски.