Потребата од научна анализа на различните аспекти на институционалниот и вонинституционалниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот, како и односот на македонското општество кон нив, произлезе од повеќе причини. Прво, сеопсежните опсервации доведуваат до заклучок дека оваа тематика беше сериозно занемарувана во респективните кругови во текот на еден подолг временски период. Второ, речиси и да не постои потреба да се елаборира колку условите во пенитенцијарните установи воопшто, па така и во затворите за деца, се незавидни. Станува збор за констатација која се темели не само на сведоштвата на осудениците туку и на бројните извештаи на меѓународните организации, Народниот правобранител на Република Македонија, но и бројни други релевантни домашни фактори. Трето и можеби најпоразително, критичкото проучување на законските и подзаконските норми, но и малубројните напори на властите (независно дали се говори за законодавната или извршната) доведе до заклучок дека постои суштествен недостаток на системски пристап во решавањето на низата проблеми во оваа сфера. Поинаку речено, надежите за подобрување на состојбите беа (и понатаму се) речиси непостоечки.

Проектот „Анализа на состојбата во установите за сместување деца во ризик и деца во судир со законот во Република Македонија се јави токму како резултат на реченото. Спроведен од Македонското пенолошко друштво со финансиска поддршка од Цивика Мобилитас – проект на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и СПУ, тој се јавува како првична база на информации која понатаму треба да биде искористена при тангирањето на поразителните состојби во македонскиот систем за правда на децата. Со други зборови, неговата аналитичка улога доведе до расветлување на околностите од една страна, како и трасирање на идните напори од друга.

Македонско пенолошко друштво изразува благодарност до Управата за извршување санкции, КПУ Затвор Охрид и ВПД Тетово, без чија готовност за соработка не би можеле успешно да ги спроведеме проектните активности.

Проектот се спроведе во периодот декември 2017 – јуни 2018.

Извештај за реализирани активности на проектот: декември 2017   јануари 2018     февруари 2018      март 2018      април 2018   и мај 2018

Фотографии, извештај и публикација од завршен настан.

Повеќе информации за проектот, тука.