МЗМП во соработка со Управата за извршување на санкции и Заводот за социјални дејности од 13 до 15 март во Битола спроведе „Обука за обезбедување пост-пенална помош на претходно осудени лица“, на која што учествуваат претставници на Пробациски канцеларии, Центри за социјални работи и Сектори за ресоцијализација и невладини организации од Струмичкиот, Штипскиот, Гевгелискиот и Кавадаречкиотд регион. Ова е втора обука од циклус од три обуки кои се спроведуваат во три различни региони во државата.

Обуките треба да помогнат во зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни, нивно вмрежување и соработка,а со цел поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица пред и после нивно отпуштање на слобода.

Циклусот обуки е дел од проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици”, спроведуван од Хелсиншки комитет за човекови права, Македонско здружение на малди правници, Македонско пенолошко друштво и ИЗБОР, а поддржан од Европската унија.
