Во рамките на проектот “Заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства” експертски тим од МПД во состав: проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Никола Тупанчески, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, д-р Елена Мујоска Трпевска и м-р Константин Битраков, активно учествуваа во остварување на предвидените проектни активности и креирањето на:

Формулар за барање за остварување на право, правен интерес или поднесување на поплака од страна на осудено лице

Брошура за остварување на правата на осудените лица на македонски, албански и англиски јазик и

Постер со правата на осудените лица во РСМ на четири јазици.