Извештајот е изработен во рамки на проектот „Борба против тортура и нехуман третман” кој е поддржан од ЕУ. Проектот го имплементираме со МЗМП како наша партнерска организација. Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман“, финансиски поддржан од Европската Унија.
Наодите во извештајот се базираат на спроведени посети од страна на мониторинг тимот кои за време на посетите изврши увид во просториите на казненопоправните установи и воспитно-поправната установа, обезбеди бесплатна правна помош и психијатриско советување на осуденички и осуденици, спроведе разговор со речиси сите директори на установите како и со вработените од редот на припадниците на затворската полиција, социјалните работници, психолозите, правниците итн. Она што беше забележано се подобрени материјални услови во дел од казнено поправните установи како и вложување на напори за едукација на вработениот кадар, но и конечното ставање во функција на Тренинг центарот во Идризово.
Покрај позитивните промени, системските недостатоци сè уште постојат. Мултисекторската соработка помеѓу надлежните институции е на ниско ниво, а како најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи како и немањето на соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација, но и за слободни и вокациски активности на осудените лица.

Публикацијата на македонски јазик е достапна тука.

Публикацијата на англиски јазик е достапна тука.

Публикацијата на албански ајзик е достапна тука.
Претседателката на МПД, доц. д-р Елена Мујоска Трпевска беше уредничка на изданието.