На редовната седница на Државниот совет за превенција на детско престапништво одржана на 26 октомври 2021 година, од страна на проектниот тим на Правничка Истражувачка Мрежа, беше презентиран Модел – Деловникот за работа на општински совет за детско престапништво.

Модел Деловникот е изработен во рамки на проектот Превенција на детско престапништво што се спроведува од Македонско пенолошко друштво и ПИМ, со поддршка на Civica Mobilitas.

Модел Деловникот беше прифатен од членовите на ДС со заклучок да биде дел од материјалите што ќе им бидат достапни на веќе постојните општински совети и оние коишто ќе се формираат во иднина. Модел Деловникот ќе овозможи воедначен начин на работа и функционирање на општинските совети.

Модел деловникот може да се преземе на следниот линк.