Во рамките на проектот Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици, кој се спроведува во соработка со Заводот за социјални дејности и Управата за извршување на санкции се изготвија два модули кои треба да помогнат за поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица пред и после нивно отпуштање на слобода.
Станува збор за следните модули:
–модул за обука на социјални работници, пробациски службеници и други даватели на пост-пенална помош на претходно осудени лица;
-модул за обука на лиценцирани даватели на услуги на локално ниво, невладини организации и други субјекти заинтересирани за обезбедување на иновативни социјални услуги за претходно осудени лица
За таа цел на 28 февруари 2024 во Скопје, МЗМП во соработка со УИС и Заводот на социјални дејности започна со циклусот на одржување три регионални тренинзи преку кои ќе се обучат социјални работници, пробациски службеници, невладини организации, и други даватели на пост-пенална помош како и припадници од АВРМ.

Обуките треба да помогнат во зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни, нивно вмрежување и соработка,а со цел поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица пред и после нивно отпуштање на слобода.

Проектот се спроведува во партнерство со Македонско здружение на млади правници, Хелсиншкиот Комитет за човекови права, Македонското пенолошко друштво и Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР, поддржан од Европската унија.