Во периодот од 3-5 април во Охрид беше спроведена „Обука за обезбедување пост-пенална помош на претходно осудени лица”, на која што учествувaa претставници на Пробациски канцеларии, Центри за социјални работи, Секторите за ресоцијализација од затворите и невладини организации од Прилепскиот, Битолскиот, Охридскиот и Струшкиот регион. Обуката е последна од циклусот три обуки кои се спроведуваат во три региони во државата.

Обуките треба да помогнат во зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни, нивно вмрежување и соработка- со цел поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица пред и после нивно отпуштање на слобода.

Проф. д-р Олга Кошевалиска, член на Македонско пенолошко друштво беше една од обучувачките на одржаниот настан.

Обуките беа спроведени од МЗМП во соработка сo Управата за извршување на санкции при Министерството за правда и Заводот за социјални дејности, како дел од проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици”, спроведуван од Хелсиншки комитет за човекови права, Македонско здружение на малди правници, Македонско пенолошко друштво и ИЗБОР, а поддржан од Европската унија.

#eu4yоu #EUforyou