Ц.С.И. Надеж започна со организирање на обуките кои се дел од активностите на проектот „Поддршка за нов почеток“, финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на програмата IPA/2022/433-960, а имплементиран од Македонското здружение на млади правници, во партнерство со Хелсиншки комитет, Избор-Струмица и Македонското Пенолошко друштво.
Дел од момчињата од ВПД „Волковија“ во Тетово учествуваат во тримесечна обука за столар, а сите се дел 5 дневни едукативни работилници.
Во истиот период, во Скопје се одржува обука за козметички услуги, маникир и шминка, на која учествуваат 4 девојки, дел од целната група на проектот. Девојките ќе се вклучат и во 5 дневни обуки за меки работни вештини.
Целта на овие обуки е поголема конкурентност на лицата и нивно оспособување за пазарот на труд.