На ден 29.11.2024 година во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ.

На настанот се дискутираше за моменталната состојба со примената на институтот условен отпуст и се споделија предизвиците, проблемите и предлог решенијата на темата од страна на чинителите од различните институции кои се дел од процесот.

Од страна на сите учесници се постигна заедничка согласност дека е потребна почеста употреба на пробацијата и условниот отпуст со заштитен надзор како ефективни алатки за намалување на затворската пренатрупаност, а истовремено постигнување ефективно санкционирање и можност за ресоцијализација и реинтеграција.

Активноста се одржа во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” кој го спроведуваат Македонско здружение на млади правници во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права, Избор Струмица и Македонско пенолошко друштво, со поддршка од Европска Унија.

Извор