Создавање (не)правда: Амнестијта и нејзиното влијание врз рехабилитација и ресоцијализација на осудените лица е документ изработен во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската Унија. Примарната цел на оваа анализа е да се утврди дали носењето чести закони за амнестија има позитивно влијание врз рехабилитацијата и ресоцијализацијата на осудените лица, односно да се даде одговор на прашањето дали тие (би) биле успешно реинтегрирани во општеството или вратени во затворите набргу по ослободувањето.
Во правните образложенија при донесувањето на законите за амнестија се акцентира појдовната цел на казнувањето – дека таа не треба да се потпира на одмаздата, односно на казнување на сто- рителот за сторено дело, туку да се постигне специјална и генерална превенција.
Министерството за правда при подготвувањето на предлог-законот во 2017 година ги имаше предвид „условите во казнено-поправните установи како институции што треба да овозможат и да обезбедат ус- пешна ресоцијализација на осуденичката популација и кои, неспорно, се пренатрупани, условите за престој се многу ниски, оценети од меѓународните организации како нехумани, опасноста од криминална инфекција во казнено-поправните установи е реална поради што се оцени дека е нео- пходно донесување еден ваков закон со кој група лица осудени на казна затвор до 6 месеци – лесни кривични дела ќе се ослободат од издржување на казната затвор“. истото се наведува и во образ- ложението на предлог-законот од 2023 година.
Имајќи го предвид горенаведеното, целта на оваа анализа е да се одговори на прашањето дали ситуацијата во затворските установи би се сменила со предложениот закон за амнестија од јули 2023 година. Всушност, преку оваа кратка анализа критички би се оцениле мотивите за донесување на овој закон, односно дали тие се поинакви од претходните или тоа е уште едно по- кажување политичка волја.
За целите на проектот беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Македонското пенолошко друштво, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци ИЗБОР и Управата за извршување на санкциите.