Во 2019 година евидентирани се вкупно 640 кривични дела извршени од 1.085 деца. Загрижува тоа што најчесто повеќе деца учествуваат во извршување на едно кривично дело бидејќи бројот на извршители е скоро дупло поголем од бројот на сторени кривични дела. Учеството на криминалитетот на децата во вкупниот криминал е околу 2,7% што е малку под просекот.

Во најголем број, децата вршат дела од имотниот криминал (479 кривични дела), а застапени се и делата со елемент и на насилство – три убиства во обид, 16 тешки телесни повреди и 25 разбојништва. Децата се јавуваат како извршители и на кривични дела во други области и тоа: недозволената трговија (40 кривични дела), економскиот криминал (пет кривични дела) и организиран криминал (шест дела).

Повеќе информации за кривични дела извршени од деца, клик на линкот што води до објавената анализа на ризик факторите за појава на детско престапништво дел од проектот „Превенција на детско престапништво“ финансиски подржан од програмата Цивика Мобилитас.