На 28 август 2024 година во просториите на Ц.С.И Надеж се одржа завршниот настан на проектот „Поддршка за нов почеток“ кој е дел од проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” имплементиран од Македонско здружение на млади правници, во партнерство со Хелсиншки комитет, Избор-Струмица и Македонското Пенолошко друштво, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на програмата IPA/2022/433-960.
На завршниот настан беа претставени проектните активностите и резултатите, а воедно и свои изјави имаа проектниот менаџер од МЗМП, Ирена Здравкова, како и психологот Весна Милосављевиќ, која ги реализираше психосоцијалните сесии со целната група.
Македонско пенолошко друштво им честита на колегите од Ц.С.И Надеж за успешно спроведување на проектните активности.