Известуваме дека заедничката кандидатура на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (УКИМ) и Правниот факултет (УКЛО) за организација на EUROCRIM 2027 е одобрена од страна на Европското здружение за криминологија. EUROCRIM e најголемата светска конференција за криминологија на која просечно учествуваат повеќе од 1 800 истражувачи од светот.

На 31.01.2025, локалниот организациски комитет за заедничка организација на ЕУРОКРИМ 2027 имаше состанок со делегација на Европското здружение за криминологија кој се одржа во просториите на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. На состанокот беше претставена заедничката кандидатура на двата правни факултети и беше разговарано за сите предизвици околу организацијата.

Во локалниот организациски комитет од Македонско пенолошко друштво се проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски и доц. д-р Елена Мујоска Трпевска.

Ова заедничко достигнување претставува значајна потврда за моќта на науката и посветената работа на тимот професори.

EUROCRIM 2027 ќе се одржи во Скопје, од 15 – 18.09.2027 година.

Повеќе информации на следниот линк.