На 10 ноември 2022 во Призрен, Р.Косово, беше одржана завршна конференција на проектот „Kон безбедна, стимулирачка и рехабилитативна затворска средина за деца и малолетни лица во судир со законот“ релизиран под програмата MATRA COPROL, со поддршка на Холанскиот Хесиншки комитет. Проектот беше реализиран од страна на Холандскиот Хелсиншки комитет во партнерство со Македонскиот Хелсиншки комитет, Албанскиот Хелсиншки комитет и Косовскиот центар за рехабилитација на жртви од тортура.

Доц. д-р Елена Мујоска Трпевска претседателката на Македонско пенолошко друштво беше дел од делегацијата на РСМ заедно со директорот и вработени од ВПД Тетово, вработени од Управата за извршување на санкциите, претставници од Македонскиот Хелсиншки комитет, претставници од Тетовскиот универзитет како и претставници од Р.Косово и Р.Албанија кои беа учесници во активностите предвидени со проектот.

Целта на конференцијата беше споделување на резултатите постигнати согласно предвидените активности во проектот, чија главна цел беше обучување и оспособување на вработените кои работат со деца кои издржуваат воспитно поправни мерки да имплементираат одбрани работни методи за целите на реинтеграција на децата.

Поврзана вест: Подобрување на ресоцијализацијата на малолетниците кои се во судир со законот. Повеќе информации тука.